Конзулски мозаик во градот на конзулите

Денеска во присуство на заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, конзули и почесни конзули во Република Македонија, Градоначалникот Тони Коњаноски, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, претставници од бизнис заедница, ректори, декани, професори и претставници од невладиниот сектор, се оддржа конференција посветена на промоција на конзулите, функцијата конзул и почесен конзул со наслов “Конзулски мозаик“ во Градот на конзулите. На конференцијата зедоа учество Почесните конзули: Калиопа Кривашија Стилиновиќ – Почесен Конзул на Р. Франција, Марко Андонов, Почесен конзул на Грузија, Михајло Филев, Почесен конзул на Р. Србија во градот Охрид и Марјан Бојаџиев, почесен конзул на Унгарија и ректор на Американ Колеџ во Скопје.
 
 
 
Повеќе за настанот можете да прочитате на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b7%d1%83%d0%bb%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b7%d1%83%d0%bb%d0%b8/ 

Сите права се задржани "Клуб на почесни конзули на Република Северна Македонија" © 2023